[Нов пост] Револуција на умот

Заглавен во вителот помеѓу модерното време, традиционалноста на моите родители  и неколку сезнајковци, седнувам да напишам неколку збора. Седам во ладната соба без греење со чаша сок и евтини цигари како единствено овоземско задоволство… Гледам и никако да сфатам… При очи слеп… Гледам толку многу а толку малку. Гледам омраза, гледам желба, гледам 100 срања… Уствари не глеам ништо!

Гледам мизерија. Не финансиска. Гледам креативна мисезерија. Гледам млади коишто најкреативното и најинвентивното нешто што го смислиле е како да избегаат од тепачката после Шако во Колосеум.

Гледам иронија! Да да, ја гледам, не ја слушам. гледам како истите луѓе што даваа аплаузи и тврдеа дека ќе ги подобрат работите сега го прават истото кое го исмевале. Гледам како моќта го менува човекот…

Повеќе од што сакам, гледам и осеќам луѓе коишто секоја реплика им почнува со НЕ!

Гледам желба. Уф ова е јако. Да, ама желба за бегање од ладна соба. Желба кон нешто потопло. Некаде каде соживотот е навистина соживот и некаде каде затапеноста и зачмаеноста се одамна минато.
Сакам да е ова вака и тука, но не оди. Едноставно не оди.

Гледам како изигруваме експериментални глувци на секого.

А несакам! Несакам да ги гледам овие работи! Несакам да гледам мизерија и несакам иронични луѓе.

Најмалку од се, несакам да слушам веќе НЕ, НЕМОЖЕ, НЕ ОДИ!

Она што сакам да го видам е креативност, слобода, самоувереност!
Она што сакам да видам е како ова “болно“ општество добива вакцина за овие симптоми!
Сакам креативна младина која ќе крене револуција! Но не револуција со оружје туку револуција на умот!

One thought on “[Нов пост] Револуција на умот

  1. Pingback: Блог избор [Ноември, 2012] | Кригла Пиво

Write something